Топлотниот бран зеде околу 140 жртви во Пакистан
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2015 11:57
Околу 140 лица починале во ненадејниот топлотен бран кој го зафати викендов пакистанскиот град Карачи и околината во провинцијата Синд, објавија светските медиуми.
Повеќето од жртвите се мажи над 50 години, но топлотниот бран им го одзел животот и на 6 жени и пет деца, пишуваат пакистанските весници. Според нивните податоци, бројот на жртвите е 136. Според пакистанскиот телевизиски канал Geo TV загинати лица се 140.
Околу 130 од смртните случаи се регистрирани од саботата во Карачи, каде температурите достигнаа 45 степени целзиусови, највисоки оваа година. Жештината одзела многу животи и уште живее во останатиот дел на провинцијата Синд, каде термометрите удриле 48 степени.
Шефот на државниот медицински центар изјавил за новинарите дека над 100 лица починале во болница од топлотен удар.
Негативните ефекти од топлотниот бран се влошуваат од честиот прекин на електричната енергија и фактот дека повеќето Пакистанци постат од изгрејсонце до зајдисонце за време на светиот муслимански месец Рамазан.
Пред помалку од еден месец сличен топлотен бран ја погоди Индија, каде истиот зеде над 2.000 жртви во различни држави на земјата. Температурите беа невообичаено високи за крајот на мај.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




