Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 14:39
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција порача дека поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица, а не ја исклучува можноста понатаму да бидат опфатени многу повеќе осомничени во рамки на истрагата.
Тошковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека ќе биде земено и тоа во предвид дека во декември дискотеката била затворена од УЈП поради неиздавање фискални сметки, апотоа била повторно отворена. Додаде дека не се исклучени од понатамошна одговорност и началниците и службениците од СВР Штип и ОВР Кочани кои тој ги разреши пред некој ден, но дека за тоа треба прво да постои „одреден степен на сомнение“.
- Не можам да се зложам дека актуелни вработени не се дел од осомничените. Во оној момент кога ќе ги утврдиме сите факти, дали имаат директна или индиректна поврзаност со предметот, ние ќе постапиме и секој ќе биде повикан на одговорност
Истрагата формално е отворена вчера со поднесувањето на кривичните пријави. Секој еден детал должни сме да го анализираме и тоа ќе го сториме. Дејноста се презема по насоки на јавниот обвинител и нема овде наши и ваши,туку почитување на процес на правда, рече Тошковски.
Како што вели, МВР во соработка со ОЈО ја завршила првата фаза од постапувањето околу пожарот во дискотеката во Кочани.
- Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ, вели Тошковски.
Можеби ќе ве интересира
„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

МУЦУНСКИ: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

СЕ ОГЛАСИ ФОНДАЦИЈАТА ЗАЕВ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ - донирале 2.500 евра на семејствата на настраданите во страотниот пожар

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ДВАЈЦА МЛАДИ УГОСТИТЕЛИ: Срамота - пуштале музика во објектите, иако цела Македонија е завиена во црно

„НЕ, НЕ СМЕ СИТЕ ВИНОВНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“ - Ивон Величковски за Трилинг: Виновни се тие кои корумпитраат, кои се корумпираат и заработуваат на нелегален начин

НЕМА ВЕЌЕ ЛАБАВО, СКОПСКИТЕ ГРАДСКИ ТАТКОВЦИ НАЈАВИЈА СЕРИОЗНИ МЕРКИ И КОНТРОЛИ - еве кој се ќе биде засегнат и какви услови ќе мора да исполнува
