„НЕ, НЕ СМЕ СИТЕ ВИНОВНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“ - Ивон Величковски за Трилинг: Виновни се тие кои корумпитраат, кои се корумпираат и заработуваат на нелегален начин

Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 12:09
-Се сеќавате на каков отпор наидуваше секоја наша иницијатива за ветинг, но и она што значеше комплетен реизбор на судството и правосудството. Ние и денеска мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено. Има многу статуси по социјалните мрежи, од обвинители и слично, кои учествувале и во модуларната болница. Што сакаме ова да биде 1:1? Еден куп жртви од едната партија, друг куп жртви од другата партија? Сега нема зошто да молчиме. Затоа кажав и на почетокот на неделата - ние сме веќе поделени. Од една страна се тие коишто заработуваат на нашата крв, бидејќи крвави им се рацете, од друга страна сме ние кои не сакаме веќе ова да се повтори, ниту смее да се повтори. За жал доцниме, вели Величковски и додава дека сега ќе им биде на сите јасно зошто одредени структури во политиката биле саботирани, уништувани и маргинализирани.
„За да ја отворам темава на вистински начин, за да спречиме уште некој голема трагедија треба да ги отвориме прашањата онаму каде што сме застанале пред 20 години“, вели Величковски.
-Забележувате дека во Кочани, можеме слободно да зборуваме и за тој триаголник со Велес и Свети Николе, функционираше една т.н „Франкфуртска мафија“ којашто не може да биде дел од организираниот криминал доколку државата не стоеше зад неа. Сетете се за улогата на Кочани во минатиот систем и кои се служби беа распоредени во него и кој беше третманот на т.н источниот дел од караулата на тогашна СФРЈ кон Бугарија и кон Албанија. Едноставно треба да зборуваме за фактите. Таа мафија не се јави сама по себе и нејзините последици ги гледаме денеска во Кочани.
-Ќе ги отворам и понатаму прашањата – дали единствените загуби на струјата се случуваат во Арачиново, како што се обидуваат да кажуваат партиските мегафони или ќе најдеме локации во тој триаголник којшто го споменав и се протега се долу до Струмица.
-Организираниот криминал е тој кој овозможи ниту судство, ниту обвинителство да не регистрираат обиди за рекетирање, за насилничко однесување и слично.
-Таа мафија, вели Величковски, беше трансформирана, но не значи дека не постои.
Можеби ќе ве интересира
НАПАЃАЧОТ ИЗБЕГАЛ ОД ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА: Тој ја демнел социјалната работничка од Прилеп

ПОРАКА ОД МАРШОТ: Сакаме да останеме да живеемe тука и да ни е безбедно

МАЖ ПУКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП: Ранил службеничка која заврши во болница

ЉАТИФИ-АЗИЗИ: Во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат

МИТЕВА: Направени се 116 вонредни надзори, изречени се забрани

Исклучена струјата на ЈСП Струмица Транспорт, градоначалникот Костадинов вели дека тоа е смислен потег

ОВА ГИ НАДМИНА СИТЕ ГРАНИЦИ: Јован Јанев објави дека ја напушта Левица

„ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ НЕ БИЛА ПЛОМБИРАНА, ИЗРЕЧЕНА Е КАЗНА ЗА ПРЕКРШОК“: УЈП соопшти и други детали
