ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2024
Низок обид за манипулација, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откако Европскиот фронт вчера му поднесе интерпелација.
Вели дека Собранието ќе постапи како што смета. Тошковски изјави дека нивните тези сами по себе се контрадикторни.
„Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста“, рече министерот.
Европскиот фронт поднесе 4 интерпелации. Интерпелациите се за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени. Тие не се задоволни од работата на овие функционери, а ги споменаа и инцидентите кои се случија на Денот на албанското знаме.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.