БОЈКОТ КАКО ПОСЛЕДНА ОПЦИЈА, УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ УТРЕ ОСТАНУВААТ ДОМА: Наставата ќе продолжи само ако се најде решение
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2024 21:44
Советот на родители од основното училиште „Лазо Ангеловски“ вечерва донесе одлука за целосен бојкот на наставата почнувајќи од утре, 5 декември 2024 година, како последен чекор во обид да се реши проблемот со насилниот ученик од трето одделение.
Согласно донесената одлука апелираме како совет утре сите ученици да останат дома и да им дадеме можност на надлежните да изнајдат решение за проблемот со кој се соочуваме а од кое ќе бидеме сите задоволни и ќе ги пуштиме нашите деца на настава без притоа да се грижиме дека истите безбедно ќе се вратат дома. Одлуката за бојкот се однесува за 5.12.2024 година – четврток и важи за сите одделенија од 1-во до 9-то. Во текот на утрешниот ден, допопнително преку преставниците, ќе биде споделена информација до сите вас за преземените чекори кои ќе се однесуваат на периодот кој следи“, се вели во заклучокот на Советот.
Во соопштението од Советот се наведува дека училиштето и родителите веќе три години бараат поддршка од надлежните институции за решавање на случајот, но досега не е изнајдено соодветно решение.
„Секое дете има право на образование, но ништо и никој не смее да го наруши образовниот процес. Бојкотот е последниот чекор кој го преземаме за да ја алармираме јавноста и да ги повикаме релевантните институции да бидат партнери во решавањето на овој проблем“, изјавија од Советот.
Родителите бараат учениците да останат дома додека се чекаат насоки од Министерството за образование, кое за утре закажа состанок со формирана комисија за разгледување на случајот. Од Советот истакнуваат дека бојкотот важи за сите одделенија од прво до деветто.
Проблемот ескалираше откако училиштето „11 Октомври“ одби да го прими ученикот поради притисок од родителите на учениците, а истиот останува запишан во „Лазо Ангеловски“. Според препораките на социјалните служби, ученикот треба да ја смени средината, но засега нема конкретна одлука.
Наставата ќе продолжи само откако ќе се изнајде решение кое ќе гарантира безбедност за сите ученици, истакнуваат родителите.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




