ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот
Објавено во: Економија 21 Мај, 2025 07:37
Жените во Македонија остануваат помалку активни на пазарот на труд и покрај бројните мерки за поддршка на бизнисите или за намалување на невработеноста.
Податоците на Државниот завод за статистика објавени во нивната публикација „Жените и мажите во Македонија“ покажуваат дека трендот не се променил.
Лицата кои бараат работа, но се невработени се сметаат за активни на пазарот, а дополнително има работоспособно население кое не бара работа и не учествува во работните процеси и тие се нарекуваат економски неактивни граѓани. Овие лица се надвор од работната сила, тие се невработени и не бараат работа и не се на располагање за вработување.
Бројките покажуваат дека во Македонија жените се значително помалку активни на пазарот на труд од мажите. Стапката на вработеност на жените во 2021 година изнесуваше 38,3 отсто, ависоки 55,1 процент од жените се целосно искучени од пазарот на трудот, односно воопшто не бараат работа.
Од друга страна, истата година, стапката на активно учество на мажите на пазарот на труд изнесува 56,2 отсто, додека пак стапката на неактивност е 32,8 проценти.
- Разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд доведуваат до родов јаз во стапката на вработеност кој во 2021 година изнесувал 20,3 отсто. Стапката на вработеност е најголема кај жените и мажите на возраст од 35 до 44 години– покажува анализата на ДЗС.
Истражувањето покажало дека мажите се речиси подеднакво застапени на пазарот на трудот во руралниот и урбаниот дел. Но, кај жените, значително е помал бројот на вработени во руралните средини
Притоа најзначајната разлика е забележана во учеството на вработените лица со високо образование. Имено, 42 проценти жени имаат високо образование, а само 28 отсто од вработените мажи имаат високо образвоание. И во руралните деловижените се со повисоко образование и тие опфаќаат 23 отсто, наспроти 12 проценти од вработените мажи.
- Од вкупниот број неактивни жени на пазарот на труд најголемиот дел, односно 46 отсто, имаат завршено само основно образование, а од нив 58 проценти живеат во руралните делови на државата. Жените се генерално помалку застапени и во формалното вработување со 41отсто и во неформалното вработување со 33 проценти – утврдиле статистичарите.
Но, она што е најзабележително е податокот дека високи 59 проценти од неактивните жени на возраст од 20-64 години не се вклучени во работа поради извршување на обврски наспроти само 2,3 отсто од мажите.
Ова покажува дека традиционалните вредности или верувања и понатаму доминираат во нашата земја. Повеќе пати е пишувано дека токму домашните обврски, како чување на децата, чување на постари фамилијарни членови, или пак грижата за домот се меѓу главните причини поради кои жените остануваат надвор од работните процеси, што секако ги намалува и економските придобивки во домот, но и можностите за раст на домашната економија.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




