ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2021 11:02
Јулија Портјанко Николиќ, поранешна ракометна реперезентативка на Македонија починала утрово ненадејно на 38 години, јавуваат неколку македонски медиуми. Таа беше дел од екипата на Кометал Ѓорче Петров и на Вардар.
Во Македонија дојде од Украина во 2003 година и стана член на екипата на Ѓорче Петров. Веднаш се издвои со војата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.
Потоа играше и во Франција во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар.
Во последните шест години се занимаваше со сосем друга професија.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




