Трагедија во Арачиново: Син го пронашол телото на својот татко во бунар
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019
Трииесет и осум годишен маж од Арачиново пријавил дека го пронашол телото на неговиот татко Н.Р во бунар во близина на својата куќа.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека лекарите констатирале смрт и не забележале траги на насилство.
Телото на шеесет и осум годишниот маж по наредна на Јавен обвинител е дадено на обдукција.