Трагедијата продолжува...
После две одиграни кола во групата Г, Македонија е на претпоследната позиција со ниту еден освоен бод, додека лидерската позиција е во сопственост на Албанија која веќе освои шест бода.
Објавено во: Спорт 06 Октомври, 2016
Македонската фудбалска репрезентација го загуби натпреварот на „Филип Втори“ од Израел со 2:1, во рамки на квалификациите за пласман на СП 2018 во Русија. Трагичар во натпреварот се претвори Адис Јаховиќ, кој не погоди пенал во 94. минута за израмнување.
Во 22. минута, Несторовски беше прецизен, но арбитрите на мечот досудија офсајд, по што следеше водечкиот гол за Хемед во 25. минута од дуелот за гостинскиот состав. На полувреме се замина со два погодоци негатива, откако Израел поведе преку Бен Хаим во 43. минута од мечот.
Во 63. минута од мечот, Несторовски го намали водството на гостите, и беше прецизен за 1:2.
После две одиграни кола во групата Г, Македонија е на претпоследната позиција со ниту еден освоен бод, додека лидерската позиција е во сопственост на Албанија која веќе освои шест бода.
Следниот натпревар на Македонија е во недела кога на „Филип Втори“ арената гостува селекцијата на Италија.
По натпреварот селекторот на тимот Игор Ангеловски, изјави дека тој избрал да шутира Јаховиќ, бидејќи имал правило сека не треба да шутира фудбалерот врз кого е направен пеналот, во случајот Несторовски.
- За жал не успеавме да го реализираме тоа што го работевме. Немам посебни замерки кон моите играчи, па мора да бидам задоволен од статистиката, иако не сум од резултатот. Со Италија ќе ни биде чест да се натпреварување. Не ни паѓа на памет да бидеме статисти против фаворит каков што е Италија. Сигурно е дека ќе се надигруваме со нив, и се надевам дека ќе имаме полн стадион. Им благодарам за вечерашната подршка, што во текот на целиот натпревар беа со нас, и по поразот вечерва, не поздравија со аплауз. На крајот, тоа беше сатисфакција за нас да продолжиме да работиме уште повеќе. Нема откажување, знаеме во каква ситуација сме, и мислам дека во иднина може да се надеваме на подобри резултати. Инаку, јас одлучив да шутира Јаховиќ. Во животот имам правило да не шутира фудбалерот врз кого е направен пеналот, рече Ангеловски.
Илија Несторовски по натпреварот беше разочаран што Македонија на стигна до позитивен резултат.
- Премногу сум разочаран. Немам зборови, да играме вака добар натпревар, да создаваме шанси, но не успеавме да стигнеме ниту до бод. Со играта дефинитивно не заслуживме пораз, се надевам дека Господ ќе ни врати веќе в недела на дуелот со Италија. Против себе имаме исклучително силен ривал, но зошто еднаш и ние да не дадеме гол од нашата прва шанса, потоа сигурно многу полесно би го контролирале резултатот и темпото, изјави Несторовски по мечот.
Резултати од групата Г:
Македонија Израел 1:2
Италија Шпанија 1:1
Лихтенштајн Албанија 0:2.
Табела:
Албанија 6 бодови
Шпанија 4
Италија 4
Израел 3
Македонија 0
Лихтенштајн 0.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.