ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2025 08:20
Трајче Заев му ги продаде сите свои акции во двете струмички компании со предзнак „Герас Цунев“ на својот братучед Вице Заев, кој, пак, како што е познато, е брат на поранешниот премиер Зоран Заев. На овој начин Вице Заев, односно неговата компамнија ДГИ „Тотал“ од Струмица, станува речиси целосен сопственик и на „Герац Цунев Конфекција“ и на „Герас Цунев Трговија“.
Берзата ги објави двете решенија на Комисијата за хартии од вредност, со кои се утврдуваат како успешни понудите дадени од „Тотал“ до сите преостанати акционери на двете струмички компании, за нивно целосно преземање, а за кои тој нудеше цена од 310 денари по акција.
Како што е познато, Вице Заев преку својата компанија ДГИ „Тотал“ поседуваше и досега прилично значајни проценти акции во двете компании.
Односно, во „Герас Цунев Конфекција“ Тотал имаше 73,3 отсто од акциите, додека, пак, во „Герас Цунев Трговија“ располагаше со 73,25 проценти. Додека, пак, неговиот братучед Трајче Заев досега поседуваше 22,5 отсто од акциите во првата, и 22,14 отсто од акциите во втората компанија.
А, покрај овие два големи акционери, уште 39 мали акционери физички лица, во првата компанија поседувале заедно 2,59 отсто, а во втората 2,69 проценти.
Сега Комисијата за хартии од вредност известува дека и во двете фирми со предзнак Герас Цунев, односно и Конфекција и Трговија, понудите дадени од Тотал Инжинеринг се успешни.
Имено, за работите да станат појасни, треба да се каже дека Тотал инжинеринг, на 7 декември лани, им понуди на сите акционери на Герас Цунев Трговија да ги дооткупи нивните преостанати 18.151 акција, по цена од 310 денари за акција. А, како што објаснува Комисијата, оваа понуда ја прифатиле двајца акционери, кои заедно поседуваат 16.258 акции или 23,91 отсто од капиталот. Тоа значи дека понудата за продажба на своите акции ја прифатил Трајче Заев, кој имаше 22,5 отсто, и уште еден помал акционер од физичките лица, чии процент изнесувал 1,41 процент.
Додека, пак, за Герас Цунев Трговија понудата беше за 18.373 акции, исто така по цена од 310 денари за акција. А, да ги продадат своите акции исто така одлучија двајца акционери, кои имаат вкупно 16.385 акции или 23,86 проценти, што значи дека секако дека своите акции одлучил да ги продаде Трајче Заев, кој поседуваше 22,14 отсто од акциите, и уште еден помал акционер, кој располагал со 1,72 проценти.
Ова исто така значи и дека Вице Заев има платено близу 82 илјади евра за акциите во Герас Цунев Конфекција и безмалку 83 илјади евра за акциите на Герас Цунев Трговија. Или вкупно 165 илјади евра. А, најголемиот дел од овие пари отидоа на контото на неговиот братучед Трајче Заев, кој всушност ги продаде и најголемите сопственички пакети.
За оваа понуда немаше праг на успешност, и затоа понудата автоматски се прогласува за успешна, а за неа доколку некој сака, ќе може да се жали во рок од 15 дена од нејзиното објавување.
Ако Тотал на Вице Заев сега има 73,3 отсто во Конфекција и ако со понудата за преземање докупил уште 23,91 отсто од акциите, сега тој е практично сопственик на 97,21 отсто од компанијата. Додека, пак, со претходно поседуваните 73,25 отсто во Герас Цунев Трговија и сега купените 23,86 отсто, Вице Заев ќе располага со 97,11 проценти. Или практично тој ќе биде скоро целосен сопственик на овие две струмички претпријатија.
Како што веќе пишувавме во декември лани, цената од 310 денари која ја понуди Вице Заев за откуп на сите слободни акции, е всушност највисока годишна цена за таа акција постигната на Македонската берза.
Инаку, треба да се каже и дека Вице Заев е единствен и целосен сопственик на ДГИ Тотал. Тотал, пак, стана сосптвеник на пакетите од по над 73 отсто во Герас Цунев Конфекција и Трговија во октомври минатата година. Тогаш практично Тотал Инженеринг ги купи уделите во двете акционерерски друштва што ги имаа Снежана Јанева (околу 21,65 отсто) и Јавор Транс (околу 23,3 отсто).
Приходот на Герас Цунев Конфекција лани изнесувал 34.000 евра, а на Трговија 74.000 евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“
НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат
ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна





