Трајко Славевски: Град Скопје нема ресурси да му доплатува на БЕГ
Објавено во: Економија 12 Јануари, 2022 10:50
Трајко Славевски, претседателот на Советот на Град Скопје, во емисијата „Утрински брифинг“, рече дека главниот град нема реусрси во оваа ситуација да помогне во покривањето на дел од високите трошоци на БЕГ за набавка на природен гас.
- Тоа е бесмислено, кога гледаме дека Владата има многу поголеми ресурси. Владата, за разлика од сите општини и Град Скопје, може да се задолжува. Таа е суверена и може да ускокне во оваа ситуација. Има уште еден проблем - ние не знаеме која е сумата што треба да се дозира, рече поранешниот министер за финансии.
Тој додаде дека Град Скопје во буџетот никогаш немало ставки за такво субвенционирање.
Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера изјави дека Владата во координација со сите институции им предложила на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергија, разликата од актуелната до реалната цена, да ја покрие од буџетот.
Владата во име на потрошувачите, средставата ќе ги уплати на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки за топлинска енергија. Бектеши ги повика Град Скопје и општините да се вклучат за помош, и да се ублажи притисокот кој го имаат компаниите. Министерот кажа дека 80 отсто ќе покрие Владата. Спомена сума од 5 милиони евра која ќе биде на товар на Владата, а општините ќе покријат милион евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




