Трајко Славевски ja оспори синдикалната кошничка: Едно семејство има три, а не четири члена
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2025 14:52
Професорот и претседатавач со Советот на Град Скопје,Трајко Славески,со објава на Твитер ја оспори синдикалната месечна потрошувачка кошниц, која покажува колку пари се потребни за да „го преживее“ месецот едно четиричлено семејство.
Според поранешниот министер за финансии, повикувајќи се на последниот попис во 2021 година, едно просечно македонско семејство брои три, а не четири члена.
„Податоци за домаќинствата, Попис 2021 година: - 1.836.713 жители живеат во вкупно 598.713 домаќинства, следува: - Просечен број на членови во едно домаќинство – 3 (три); - Вкупен број на домаќинства со еден, два и три члена – 359.684, следува: - 60% од домаќинствата во Македонија се со максимум три члена; - Број на домаќинства со 4 члена – 117.084, или околу 20% од вкупниот; - Останатите околу 20% од вкупниот број домаќинства се со 5 и повеќе членови. Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство? Само прашувам“, напиша Славески.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




