Трајко Вељаноски: На полноќ ќе имаме нова влада
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017
Екс претседателот на Собранието Трајко Вељаноски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ откри дека до полноќ ќе биде познат составот на новата влада и мандатарот Груевски ќе ја исполни својата обврска.
Повеќе детали Вељаноски за конкретниот договор за нова владина коалиција не откри, а во тек е состанокот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Последната информација од ДУИ ја соопшти портпаролот Бујар Османи кој вели дека партијата и натаму ги разгледува сите можни 5 сценарија и дека нема дефинитивен одговор, но наскоро ќе ја информираат јавноста.