06 Декември, 2025
0.0355

Трајковски: Ќе ги дадеме националните ресурси, а ќе немаме ништо од инвестицијата на „Алказар“

Објавено во: Економија 02 Август, 2025 08:24

Добивај вести на Viber

Професорот Дејан Трајковски на укажувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека ветерниот парк на инвестицискиот фонд „Алказар“ ќе ја продава струјата на гигант од рангот на „Гугл“ и „Мајкрософт“, реагираше дека Македонија нема да добие ништо од тоа и дека само ќе ги предаде сопствените ресурси.
Откако беше недвосмислено утврдено дека ветропаркот на „Алказар Енерџи“ не носи никакви придобивки за граѓаните, бидејќи електричната енергија би се набавувала по берзански цени, еквивалентни на оние од увоз, властите пласираа нов наратив, уште поштетен од претходниот. Според него, „Алказар Енерџи“ би ја извезувал произведената енергија кон глобални технолошки гиганти, како што се Гугл или Фејсбук, со што Македонија би се позиционирала како извозник на електрична енергија и со тоа божем би остварила некаков меѓународен престиж.

Меѓутоа, оваа идеја не само што е неосновано оптимистичка, туку е и длабоко штетна за националните интереси. Проблемот е повеќеслоен. Прво, согласно македонските даночни прописи, на извезената електрична енергија не се пресметува излезен ДДВ, туку обврската за плаќање на ДДВ паѓа на купувачот во земјата на увоз, на пример во Бугарија или Грција.

Второ, „Алказар Енерџи“, согласно истите прописи, како извозник има право на поврат на влезниот ДДВ, платен во Македонија за набавка на опрема, бидејќи нивното работење е поврзано со извоз. Ова, во суштина, им овозможува да функционираат во своевиден даночен рај, а Македонија би станала само жална колонија за извлекување приватни профити, со Владата како нивен помагач.

Накратко, за да го стимулира извозот и приливот на девизи, државата се откажува од прибирање на ДДВ за извезените стоки и услуги. Таквата политика би имала економска логика доколку се работи за компании во домашна сопственост, чии профити би се реинвестирале во земјата, генерирајќи мултипликативен ефект врз бруто-домашниот производ (БДП). Меѓутоа, во случајот со странскиот инвестициски фонд „Алказар Енерџи“, иако нивното производство формално придонесува за македонскиот БДП, целиот профит, остварен во девизи од извозот, би бил трансфериран надвор од земјата. Со тоа, Македонија не само што не би остварила никаков прилив на девизи, туку би се лишила и од даночните приходи од влезниот и излезниот ДДВ, а би останала без локациите во штипско.

Македонија не би имала речиси никаква корист ни од вработувањата, бидејќи кај ветерните паркови на копно за тековно работење се потребни само 1-2 вработени на 10 ветерни турбини, односно „Алказар Енерџи“ постојано би вработил само 6 до 11 вработени.

Покрај очигледното отсуство на економска корист, штетата од овој проект е далеку поголема и има стратешки карактер. Со поддршка на Владата, „Алказар Енерџи“ би ги заземал најповолните локации за производство на електрична енергија во регионот Штип-Карбинци-Радовиш, со што трајно би ја лишил државата од можноста да изгради сопствен ветропарк на истите, најповолни локации. Таквиот ветропарк би можел да обезбеди обновлива енергија за граѓаните по стабилни и предвидливи цени, а вака би морале да купуваме струја од приватници по непредвидливи, берзански цени, а државата би се лишила од профит.

Овој проект, кој не носи никаква економска корист, туку единствено штета, се реализира преку отстапување на овие локации на странски приватен инвестициски фонд без спроведување на јавен повик, тендер или конкурентно наддавање. Во отсуство на економска оправданост за државата, легитимно се поставува прашањето: кој во Владата има корист од овозможувањето на вакви поволности за странски субјект? Очигледната решеност да се спроведе овој проект по секоја цена буди сомнежи за мотивите зад ваквите одлуки, за што граѓаните треба добро да се подзамислат“, објави Трајковски во дел од својот статус на социјалните мрежи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?