26 Април, 2024
0.6568

Трајковски се уште недостапен, Мицкоски тврди дека не е испратен од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Александар Трајковски се уште е телефонски недостапен за новинарите, а Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес изјави дека тој не е испратен од партијата да го придружува поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Трајковски, инаку советник во општина Гази Баба и вработен во Царинската управа, пред два дена беше фотографиран низ улиците на Будимпешта заедно со Груевски, кој таму пребега и доби азил пред почетокот на ослужувањето на неговата двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

- Да се фокусираме на решавање на реалните проблеми на граѓаните и да гледаме државата да оди напред, наместо да го коментираме ова реално шоу и војарески клипови. Тоа ниту ќе даде вредност на квалитетот на животот, ниту ќе направи нешто добро за државата - рече Мицкоски.

Ги упати новинарите директно да го прашаат Груевски во врска со неговата логистика во Будимпешта, користењето возило со личен шофер и посетувањето елитни ресторани.

-Треба да го прашате Груевски за тоа. Претпоставувам ќе ви даде ссодветен одговор. Лично, како Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, немам коментар, ниту знам кое е возилото или кој е шоферот – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по доделување на наградите на најдобрите 100 компании од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Мицкоски нагласи дека досега немал никаква комуникација, ниту пак има сознанија дека некој од партијата се сретнал со Груевски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот