ТРАМП ОДОБРИ 25 ОТСТО ДАНОК ЗА АВТОМОБИЛИ ПРОИЗВЕДЕНИ НАДВОР ОД САД - се закани и со поголеми ако ЕУ и Канада соработуваат

Објавено во: Економија 27 Март, 2025 09:26
Трамп наметнува царина од 25 отсто за автомобили кои не се произведени во САД.
Примената на 25 отсто тарифи за автомобили и лесни камиони ќе стапи на сила на 2 април, а се однесува и на возила од американски производители произведени во странство.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за сите автомобили увезени во САД, со цел да се поттикне домашната автомобилска индустрија.
Трамп очекува автомобилските компании да се преселат во САД каде што ќе можат да градат нови погони или да ги прошират постојните.
Говорејќи во Белата куќа во средата, Трамп рече дека царините ќе ги „вратат“ парите од странските земји што „ни ги земаа работните места“ и „ни го земаа богатството“.
Надоместокот од 25 проценти ќе стапи на сила на 2 април и ќе важи за сите автомобили што не се произведени во САД, што значи дека дури и американските производители со модели произведени во странство ќе подлежат на царини според тој модел.
Тарифите се најнови во серијата давачки што американскиот претседател ги воведе откако ја презеде функцијата, пишува „Алџезеира“.
Огромно зголемување
Меѓу другото, Трамп досега воведе царина од 20 отсто за целиот увоз од Кина и глобална тарифа од 25 отсто за увозните производи од челик и алуминиум.
Во февруари, Трамп објави тарифи од 25 проценти за сите канадски и мексикански увозни производи, но подоцна го паузираше данокот на одредени стоки и услуги според Договорот САД-Мексико-Канада (USMCA).
Сегашната тарифа за странски автомобили во САД е 2,5 отсто, што значи дека е огромно зголемување.
Околу половина од сите автомобили што се продаваат во САД се увезени.
Американскиот претседател Доналд Трамп воедно укажа дека може да се воведат повисоки царини за Европската унија и Канада доколку тие работат заедно „за да предизвикаат економска штета на САД“, пренесува „Танјуг“.
„Ако Европската унија работи со Канада за да им нанесе економска штета на Соединетите Држави, ќе бидат наметнати огромни царини, многу поголеми од моментално планираните, за да се заштити најдобриот пријател што секоја земја некогаш го имала“, рече тој во објавата на неговата социјална мрежа „Вистина“.
Најавените царини од 25 отсто за увезените возила, дополнително ја подгреаа глобалната трговска војна и поттикнаа критики и закани за реципрочни мерки од засегнатите сојузници на САД, пренесува Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска
