ТРАМП ГИ ЗГОЛЕМИ ЦАРИНИТЕ: Индија се побуни, мерката била неразумна
Објавено во: Економија 06 Август, 2025 19:08
Пристигна реакцијата на Индија на драстичното зголемување на царините кое го воведе американскиот претседател Доналд Трамп.
Индиското министерство за надворешни работи остро ја критикуваше новата американска царина за увоз на руска нафта, нарекувајќи ја „неправедна, неоправдана и неразумна“.
Тие реагираа на најновата извршна наредба на американскиот претседател со која се воведува дополнителен царина од 25 проценти за индискиот увоз на руска нафта.
Трамп претходно објасни дека целта на мерката е да се намалат глобалните цени на енергијата и со тоа да се изврши дополнителен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната во Украина.
„Одлуката е донесена затоа што веруваме дека глобалниот пазар може да игра улога во завршувањето на војната. Ако цените на руската нафта паднат, ќе падне и нивната способност да финансираат агресија“, рече Трамп.
Тој на Путин му даде рок до 8 август да ги прекине воените дејствија во Украина.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




