20 Јули, 2025
0.0383

ТРАМП ГРАДИ НОВ СОЈУЗ – ЧИПОВИТЕ НА NVIDIA ВО ЦЕНТАРОТ НА НЕГОВАТА ТУРНЕЈА: ОАЕ има прелиминарен договор за увоз на 500.000 најнапредни полупроводници

Објавено во: Свет 15 Мај, 2025 10:16

Добивај вести на Viber

Доколку сите предложени договори за чипови со земјите од Заливот, а особено со ОАЕ, се реализираат, регионот би станал трета сила во глобалната конкуренција во областа на вештачката интелигенција, по САД и Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да ја заврши кратката посета на Катар во со говор пред американските трупи пред да отпатува за Обединетите Арапски Емирати, каде што лидерите на земјата се надеваат на помош од САД за да ја направат богатата земја од Персискиот Залив глобален лидер во вештачката интелигенција.

САД имаат прелиминарен договор со ОАЕ што им овозможува годишно да увезуваат 500.000 од најнапредните чипови за вештачка интелигенција на Nvidia, почнувајќи од оваа година.

Договорот би поттикнал изградба на центри за податоци во земјата, кои се клучни за развој на модели на вештачка интелигенција. Но, договорот предизвика загриженост за националната безбедност во различни делови од американската влада, па затоа условите би можеле да се променат, велат изворите.

За време на четиридневната посета на Трамп на земјите од Персискиот Залив беа потпишани низа економски договори, вклучувајќи договор со „Катар ервејс“ за купување до 210 авиони „Боинг“ со широк труп, обврска на Саудиска Арабија да инвестира 600 милијарди долари во САД и 142 милијарди долари во „голема“ продажба на американско оружје на кралството.

Трамп во вторникот ненадејно објави дека САД ќе ги укинат долгогодишните санкции врз Сирија, а потоа се сретна со сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шара.

Во Абу Даби, Трамп ќе се сретне со лидерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан. Вештачката интелигенција веројатно ќе биде во фокусот на последната етапа од патувањето на Трамп. Меѓу стравувањата на администрацијата на Бајден беше дека вредните полупроводници ќе бидат пренасочени кон Кина и ќе ја зајакнат воената моќ на Пекинг.

Трамп го постави подобрувањето на односите со некои земји од Персискиот Залив како клучна цел на неговата администрација. Доколку сите предложени договори за чипови со земјите од Заливот, а особено со ОАЕ, се реализираат, регионот би станал трета сила во глобалната конкуренција во областа на вештачката интелигенција, по САД и Кина.

 EPA-EFE/Hamad Al Kaabi 

Можеби ќе ве интересира

Во Иран измерени 49,6 степени, во Гренланд носел ветер од 220 километри на час

Во Иран измерени 49,6 степени, во Гренланд носел ветер од 220 километри на час

Градинари си заминуваат од кралската резиденција „Хајгроув“

Градинари си заминуваат од кралската резиденција „Хајгроув“

Трамп одбележа половина година втор мандат: Денес, ние сме најпочитуваната земја во светот

Трамп одбележа половина година втор мандат: Денес, ние сме најпочитуваната земја во светот

Клучот за оживување на „распаѓачки“ град-дух? Направете го погоден за Инстаграм

Клучот за оживување на „распаѓачки“ град-дух? Направете го погоден за Инстаграм

ВИДЕО Украина со дронови нападна град близу Москва

ВИДЕО Украина со дронови нападна град близу Москва

Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, вели Орбан

Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, вели Орбан

Трамп за Иран: Ако ги градат нови нуклеарни локалитети, и тие ќе ги уништиме

Трамп за Иран: Ако ги градат нови нуклеарни локалитети, и тие ќе ги уништиме

Кабинетот на ексканцеларот Шолц потрошил 590 евра на шминка

Кабинетот на ексканцеларот Шолц потрошил 590 евра на шминка

ВИДЕО Хаос во Лос Анџелес: Автомобил се заби во тезга со храна па толпа пред ноќен клуб, има многу повредени

ВИДЕО Хаос во Лос Анџелес: Автомобил се заби во тезга со храна па толпа пред ноќен клуб, има многу повредени