Трамп кажа кога Хамас ќе ги пушти заложниците
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2025 19:11
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека заложниците што ги држи палестинската терористичка група Хамас во Газа треба да бидат ослободени во понеделник или вторник. Тој се надева оти лично ќе присуствува на церемонијата во Египет за потпишување на договорот што го постигнаа Израел и палестинската милитантна група за првата фаза од планот за ставање крај на војната во Појасот.
Трамп го најави она што го нарече „крај на војната во Газа“, тврдејќи дека енклавата ќе биде обновена.
Тој додаде дека неодамнешниот напад врз Иран, чија цел беше нуклеарната програма на Техеран, одиграл важна улога во ставањето крај на конфликтот во Газа.
Од кабинетот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска соопштија дека шефот на државата разговарал телефонски со својот американски колега и го поканил да присуствува на церемонијата во Египет по повод одбележувањето на договорот за прекин на огнот во Газа.
Египетскиот претседател нагласил дека е потребно да се продолжи со спроведувањето на сите фази од договорот за прекин на огнот во Газа и го повика Трамп да го поддржи и надгледува неговото спроведување.
На 7 октомври во 2023 година Хамас изврши напади во јужен Израел и потоа почна офанзивата во Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Украина ќе го номинира Трамп за Нобеловата награда за мир, но сакаат да добијат ракети „Томахавк“ за да ја принудат Русија на преговори.фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




