ТРАМП НА ТЕМАТА СРЕДБА СО ПУТИН: „Сака да се сретне со мене што е можно поскоро, мораме да ставиме крај на оваа војна...“
Објавено во: Свет 23 Декември, 2024
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, говорејќи на конференцијата „Turning Point USA“ во Аризона, зборуваше за средбата со Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина.
„Претседателот Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Затоа ќе го чекаме ова, мораме да ставиме крај на оваа војна“, рече тој.
Трамп го нарече конфликтот во Украина страшен и повтори дека тоа немаше да се случи доколку тој беше претседател на САД наместо актуелниот шеф на државата Џо Бајден.
Во јуни Путин презентираше иницијативи за мирно решавање на конфликтот: Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе изјави дека е подготвена за преговори доколку властите во Киев, меѓу другото, официјално се откажат од намерата да се приклучат на Северноатлантската алијанса.
По почетокот на војната во 2022 година, Русија преговараше со режимот на Киев во Белорусија и Турција.
Како што изјави подоцна шефот на државата, дипломатските консултации се речиси завршени, но по повлекувањето на руските трупи од Киев, украинската страна ги „отфрли“ сите договори, а Зеленски законски ги забрани преговорите со Москва.
Извор: Курир.рс