ПРОБИЕНА МОЌНАТА ЖЕЛЕЗНА КУПОЛА: Повеќе од 30 повредени
Објавено во: Свет 22 Декември, 2024
Јеменските Хути извршија ракетен напад врз Тел Авив. Израелската војска потврди дека обидите за соборување на проектил истрелан од Јемен биле неуспешни и дека паднал во јавен парк.
Воениот портпарол на Хутите рече дека групата погодила воена цел користејќи хиперсонична балистичка ракета. Хутите, бунтовничка група поддржана од Иран, која го контролира северозападниот дел на Јемен, почнаа да го напаѓаат Израел и меѓународните бродови веднаш по почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, инсистирајќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците.
Израелската војска соопшти дека оттогаш, од Јемен кон Израел биле истрелани околу 400 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето се соборени.
По ракетниот напад вчера утрото, израелската итна медицинска помош соопшти дека 16 лица биле згрижени поради „лесни повреди“ од фрагменти од стакло од скршени прозорци во околните згради. Уште 14 лица се полесно повредени на пат кон заштитените подрачја.
На почетокот на оваа недела, Израел започна серија напади врз, како што рече, воени цели на Хутите, погодувајќи ги пристаништата, како и енергетската инфраструктура во главниот град на Јемен, Сана.
Телевизијата Ал Масира, управувана од бунтовниците Хути, објави дека девет лица биле убиени во пристаништето Салиф и нафтениот терминал Рас Иса.
Хутите ветија дека ќе продолжат со нападите додека не заврши војната во Газа.
MISIL GOLPEA TEL AVIV: lanzado desde Yemen por los rebeldes hutíes impactó un parque público para niños en Jaffa, al sur de Tel Aviv. Ocurrió en la madrugada del sábado, después de que fracasaran los intentos de intercepción.
— Jonathan Berim (@JonathanBerim) December 21, 2024
La explosión causó heridas a 30 personas, 16 por el… pic.twitter.com/VasNbfSAip
Б92
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.