СПРЕЧЕН НОВ НАПАД НА БОЖИKЕН МАРКЕТ ВО ГЕРМАНИЈА: Маж објави видео на кое се заканува дека ќе нападне во Бремерхавен, полицијата го уапси
Објавено во: Свет 23 Декември, 2024
Полицијата уапси маж во Бремерхавен во германската покраина
Бремен кој објави видео на TikTok во кое се заканува дека ќе ги нападне
посетителите на божикниот пазар.
Откако видеото стана вирално, човекот брзо беше пронајден и привремено уапсен во неделата вечерта. Нема опасност за жителите, соопшти полицијата.
Полицијата првично не соопштува дополнителни детали за уапсениот или за сериозноста на заканите. Побараа јавноста да не ги дистрибуира снимките.
Во видеото, човекот вели дека сака да „боде“ луѓе кои личат на Арапи или јужњаци на божикниот пазар во Бремерхавен.
– Конечно мора да заврши во Германија, рече тој.
Човекот нагласил дека е сериозен во заканата и дека нема што да загуби.
Откако неколку корисници го посочија видеото, полицијата од Бремен претходно на платформата Х објави дека видеото веќе им е познато и на нив и на полицијата во Бремерхавен.
По нападот на божикниот пазар во Магдебург, каде Саудиецот Талеб А. усмрти пет лица меѓу кои и двегодишно дете, фокусот на безбедносните власти моментално е на безбедноста на божикните пазари.