19 Мај, 2024
0.0255

Трамп пред Импичмент!

Објавено во: Свет 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп одвај ги преживува првите 100 дена владеење како претседател на САД кои беа одбележани со голем број на скандали и тоа внатре во неговата администрација со голем број на советници за кои постојат сомневање дека имале директни контакти со руски владини агенти и дека неговата цела изборна кампања била под влијание на Русија.

Конгресменот Ал Грин најави дека утре ќе ја започне процедурата за Импичмент пред домот на претставници на САД, па доколку ја добие потребната поддршка постапката ќе продолжи во Сенатот на САД каде треба да се води истрага за потенцијалните кривични дела кои ги извршил Доналд Трамп.

Претседателот на САД му даде отказ на директорот на ФБИ Џејмс Коми затоа што не ја добил неговата послушност, а на 14 февруари побарал од него да ја прекине истрагата за Мајкл Флин, кој му служеше како советник за национална безбеднос. Постојат силни сомнежи дека Флин бил под руско влијание, а при една посета на Русија можеби добил и парични средства.

Досега во историјата на САД најблиску до Импичмент беше претседателот Никсон поради скандалот со прислушкување „Вотергејт“ но, за да ја спаси честа на функцијата тој си поднесе оставка. 

Доколку се зголеми притисокот врз Трамп и излезат нови сведоци од ФБИ и неговата администрација постои шанса да се реализира истото сценарио бидејќи Конгресот кој сега е контролиран од Републиканците најверојатно нема да дозволи нивен кандидат да биде понижен на таков начин.

Засега иницијативата за Импичмент на Трамп ја поддржа и првиот републикански конгресмен, Џастин Амаш од сојузната држава Мичиген, а постои можност и други републикански политичари да дадат поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто