05 Декември, 2025
0.0955

Трчаме на 13 хектари површина по несовесните посетители: Интервју со Тина Мицковска од ЗОО Скопје

Објавено во: Стил 22 Април, 2019 09:12

Добивај вести на Viber

Тина Мицковска не е само портпарол во скопската Зоолошка. Освен што од срце ја сака својата работа, таа секојдневно се грижи за животните и се радува на секоја нова научена „лекција“ во дружбата со нив. Вели дека ја совладуваат емоциите и знае да заплаче кога некој од жителите на Зоолошка ќе ги напушти, но е цврста и одлучна во својата цел- да ги едуцира посетителите дека животните не треба да се хранат со смоки, чипсови или лижавчиња. Мицковска со љубов раскажува за деновите поминати во Зоолошка, открива интересни детали за враќањето на шипанзото Коко од Холандија и други возбудливи приказни од другата страна на живеалиштата на нејзините пријатели. 

* Како изгледа еден твој обичен работен ден, успеа ли во твојата намера да ги научиш посетителите дека не треба да ги хранат животните ? 

- Во нашата Зоолошка нема обични или пак вообичаени работни денови. Секој ден е возбудлив и турбулентен од почеток до крај, а некогаш и по работното време не ми се оди дома. Преку недела најчесто денот го поминувам во дружба со еден куп животни и состаноци со хумани граѓани и компании кои донираат и помагаат за Зоо Скопје. Викендот пак ни е најстресен на сите, затоа што се уште има несовесни посетители кои не се придржуваат кон правилата и мораме да трчаме на 13 хектари површина за да ги спречиме во лошите намери. Но, чекор по чекор, иако се чувствувам како Дон Кихот, сигурна сум дека ќе успеам да ги едуцирам барем 90 проценти од посетителите. 

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: