Ѝ треба ли еврото на Летонија?
Објавено во: Анализа 11 Јуни, 2013 09:12
Летонија очигледно многу добро го искористи времето на големиот бум на крајот на минатиот и почетокот на новиот милениум. Вакви стапки на пораст ние, за жал, можевме само да сонуваме.
Но, како што знаете, економијата има две страни на парата. Овој пораст во голема мера беше финансиран од претерана потрошувачка и од кредити, што кога секнаа ѝ нанесоа силен удар на економијата, која во 2009 година еден квартал имаше голем пад од 18%, најголем во ЕУ. Државата имаше сериозен проблем со дефицитот на тековната сметка, кој изнесуваше 22% од БДП, што е исклучително страшна бројка. Невработеноста за многу кратко време достигна стапка од 22%, најниската беше околу 6%. Можете да замислите каков удар имала економијата, која за толку кратко време доживеала вакви силни позитивни и негативни шокови.
Сепак, благодарение на реформите на владата, кои многумина ги протолкуваа како силно штедење и благодарение на опкружувањето што земјата го има (за кое ние, исто така, може да сонуваме), првенствено скандинавските џинови, земјата успеа за релативно брзо време да застане на нозе, преминувајќи во суфицит на тековната сметка и бележејќи пораст од 5,5% во 2011 и околу 3,5% во 2012 година. Невработеноста, иако е сѐ уште висока и стои на 16%, сепак е успешно намалена.
Летонија, како што кажавме, има жители исто како Македонија, но има БДП од повеќе од 28 милијарди долари, или 2,8 пати повеќе од нас.
Инаку, нивната валута е врзана повеќе години за еврото и токму тоа се користи како главен аргумент дека не би требало да има поголеми промени кога ќе влезе во еврозоната. Односно, државата веќе подолг период се подготвува за она што ја очекува. Премиерот Владис Домбровскис изјави дека има силна верба во еврото и дека проблемот во моментов не е во еврото како валута, туку во одредени држави, кои ќе мора да ја средат ситуацијата во своите дворови. Според неговото мислење, влегувањето на земјата во еврозоната е дел од решението, а не од проблемот. Државата мораше во повеќе наврати да ја брани валутата од шпекулантите и токму поради тоа еврото го гледаат како решение.
Земјата покажа дека има модел за пораст, кој никако не успева да го примени периферијата на Европа. Ги исполнуваат сите критериуми за еврото да биде нивна валута, и тоа многу повеќе од некои земји што веќе се членки. Многумина велеа дека иако земјата закрепнува, сепак има уште многу да врати од загубениот пораст во 2008 година и дека оваа одлука е избрзана. Но, веројатно, менување веќе нема, за шест месеци ќе дознаат дали постапиле правилно.
М.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





