05 Декември, 2025
0.0433

Требаше да станам пијанистка : Интервју со др. Аспазија Софијанова

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2019 12:20

Добивај вести на Viber

Педијатарот треба да е карактер кој во даден момент треба да изреагира брзо, автентично, точно. Нашата работа е присатност 24/7. Не можам да не го издвојам Јован Коловски, детето од струшко кое беше во кома долго време. Прво беше на интензивна него, па потоа беше префрлен на неворологија, па се врати на интензивна. Од тогаш почна голготата на фамилијата, од 2007 година кога го однесовме со авион до Љубљана, практично во кома, каде што и остана еден подолг временски период. Сега, Јован е едно дете кое е вистинско чудо. Тој е едно нормално дете кое редовно ги извршува сите функции. Излезе од тој автоимунен цефалит кој што е многу редок, вели професор др. Аспазија Софијанова на новинарско барање да издвои случај на болно дете кој го памети како најспецифично и најтрауматично искуство.

Пријатен и интересен соговорник е професор др. Аспазија Софијанова, кај пријателите и кај соработниците позната како Цули. Со неа средбата не може кратко да трае, теми за муабет има многу, а најинетерсни се оние, женските. Таа е шеф на одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести и претседател на педијатриското здружение на Македонија. Мал дел од нејзиното работно искуствo и поголем дел од животното, сподели во интервју за Женски магазин.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: