18 Декември, 2025
0.1463

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 09:34

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска вели дека е нецелосна и дека категории на граѓани ќе бидат изоставени со новата Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025, донесена од Владата со која ќе им се доделува по 1.000 денари месечна помош за плаќање на сметките за електрична енергија на оние со помала куповна моќ.

„Ако направиме споредба во опфатот на ова Програма и претходната која беше донесена од претходната Влада ќе видиме дека во новата Програма најранливите во целост не се опфатени. Во новата Програма на Владата на Дпмне се опфатени само две категории на граѓани:

Домаќинства со деца со попреченост, ако вкупниот месечен нето доход на домаќинството во 2024 година не го надминува следниот износ:

– 42.000 денари за домаќинство со два члена

– 60.000 денари за домаќинство со три члена

– 80.000 денари за домаќинство со четири или повеќе члена

Згрижувачки семејства – За нив, горната граница на месечен нето доход е зголемена од 80.000 до 160.000 денари, во зависност од бројот на згрижените деца, при што посебниот додаток за згрижување не се пресметува во оваа сума.

Ги нема семејствата со ниски приходи! Ги нема пензионерите со ниски пензии!

Во Програмата од јануари 2024 која ја донесе Владата на СДСМ беа опфатени сите граѓани, самци и семејства, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на месечно ниво на членовите на домаќинството во 2023 година не го надминувал износот од:

- 21.000,00 денари за самец;

- 30.000,00 денари за домаќинство со два члена;

- 35.000,00 денари за домаќинство со три члена;

- 40.000, 00 денари за домаќинство со четири члена;

- 45.000,00 денари за домаќинство со пет члена и повеќе“, реагира пратеничката.

Усвоената програма утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и згрижувачи на лица во социјален ризик. Секое од овие домаќинства, доколку ги исполнува критериумите, ќе може да добие субвенции за намалување на месечните трошоци за електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно.

Ослободувањето од дел од сметката за струја ќе се применува во текот на 12 месеци, а за оваа поддршка граѓаните ќе може да аплицираат со поднесување барање до Министерството. Јавниот оглас за пријавување ќе биде објавен наскоро на официјалната веб-страница на Министерството www.energy.gov.mk, како и во два дневни весника.



Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа