ТРЕНДОТ НЕ СЕ МЕНУВА: Со „тазе“ заеми се враќаат стари обврски!
Објавено во: Економија 17 Август, 2016 07:59
Денеска Владата на домашните кредитори по основ на доспеани долгови треба да им врати 21,2 милиони евра. Ова раздолжување следува откако вчера Министерството за финансии, преку продажба на државни хартии од вредност, во Буџетот обезбеди 25,3 милиони евра, што е за осум милиони евра повеќе во однос на планираното со Проектите за одржување на аукциите.
Задолжување преку аукции:
Планирано задолжување 17 154 423 евра
Реализирано задолжување 25 311 205 евра
Ова задолжување се спроведе преку продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 364 дена, со денарска и девизна клаузула, при што се обезбедија најголем дел од парите или 17.5 милиони евра. Остатокот од сумата Владата ја обезбеди преку продажба на обврзници со рок на доспевање од десет и петнаесет години. Како доминатни кредитори на Владата и натаму се банките со удел од 42,3%, а веднаш зад нив со учество од 32,8% се пензиските фондови.
На вчерашното задолжување реагираа од опозициската СДСМ.
“И покрај тоа што минатиот месец незаконски ги задолжија граѓаните со еврообврзница од 450 милиони евра, денеска на аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар ги задолжија граѓаните со нови 25,3 милиони евра. Јавниот долг е на историски износ од над 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП“, посочија од СДСМ преку соопштение.
Долговите растат, најниско ниво во 2008 година ...
Инаку, од 2002 година, најниско ниво на Јавен долг е измерено во 2008 година, кога тој изнесувал 23% од БДП или во апсолутен износ 1,5 милијарди евра. Од тогаш до сега, Јавниот долг е во постојан пораст. Границата од 30% од БДП се надминува во 2011 година, кога вкупниот Јавен долг достигна 32% од БДП, а веќе во 2013 година надминува ниво од 40% од БДП. Во изминатите 15 години највисоко ниво на Јавен долг е измерено лани, кога тој достигна 4,2 милијарди евра 45,9% од БДП. На квартално ниво, повисоко ниво од ова е регистрирано заклучно со март, годинава кога Јавниот долг надмина 4,3 милијарди евра.
Последното задолжување од странство се спроведе преку издавање на Еврообврзница, со што Владата ја задолжи економијата со нови 450 милиони евра. Од опозициската СДСМ оценија дека овој новосодаден долг е незаконски и најавија крични пријави до министерот а финансии Миновски но и за заманик министерката за правда, Бришковска. Министерството за финансии ги отфрли обвинувањата како невистина и најави дека ќе возврати со контра-кривични пријави до сите инволвирани страни кои, како што посочија од министерството, со клевета придонеле за нарушување на меѓународниот углед.
Заклучно со првата половина од годинава , вкупниот јавен долг изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 отсто од БДП и во вториот квартал во однос на привиот, тој се намалил за 0.7 процентни поени. Бруто надворешниот долг пак на крајот од март изнесувал 70,9% и ова е едно од највисоките нивоа во последните 12 години. Според бруто надворешната задолженост, Македонија веќе е во групата на високо задолжени.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




