Трет ден протести пред турската амбасада во Москва
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2015 15:08
Трет ден продолжуваат протестите пред зградата на турската амбасада во Москва. Русите протестираат против политиката на турските власти, како резултат на кој рускиот авион Су-24 беше соборен над Сирија.
Денес пред зградата имаше неколку десетици лица кои носеа транспаренти во црна боја. Тие пуштиле десетици црни хартиени балони кон зградата. Еден од организаторите на акцијата соопшти дека тие ја претставуваат партија „Татковина“.
Улицата која се наоѓа крај зградата на турската амбасада, е затворена од полицијата и е поставена железна ограда. Околу зградата на амбасадата има засилена полициска заштита, вклучувајќи и борци на специјалните полициски сили „Омонија“.
На металните огради висат стотици оставени плакати од Русите со натписи како: „Ајнштајн е неизбежен“, „Долу рацете од Сирија“ и „Турција, ќе останеш без гас“.
На територијата на амбасадата продолжува расчистувањето на стакла, лушпи од јајца, домати и камења, кои останале по вчерашната протестна акција.
Турски борбени авиони го собориле рускиот авион Су-24 кој според Анкара го нарушил воздушниот простор на земјата. Руското Министерство за одбрана изјавило дека авионот се наоѓал во сирискиот воздушен простор и не навлегувал над турска територија. Рускиот претседател Владимир Путин го нарече соборувањето на рускиот авион „удар во грб“ и предупреди дека нападот ќе има сериозни последици за односите помеѓу Москва и Анкара.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




