ТРЕТИНА ОД ЗАШТЕДАТА МОЖЕ ДА СЕ ИНВЕСТИРА ВО НОВИ ЗНАЕЊА: Дали граѓаните го практикуваат ова?
Објавено во: Економија 05 Август, 2025 07:50
За долгорочна финансиска стабилност, се препорачува третина од заштедените пари да се инвестираат во обуки, доедукации, семинари и други видови на надградба.
Ги прашавме граѓаните што мислат на оваа тема, а тие ни одговорија дека ова е добар метод кој би дал ефект, но ретко кој го практикува истото. Велат дека немаат време, немале можности, немале идеја каков тип на доедукација би бил најкорисен и би им донел дополнителни приходи во иднина. Во секој случај, анкетираните порачуваат дека е добро младите да размислуваат дел од парите кои ги заработиле, да ги инвестираат за зголемување на опсегот на знаења.
„Мислам дека луѓето не го практикуваат тоа, со исклучок на помладите. Оние над 40 години, не вложуваат во себе според мене. А колку повеќе знаење има некој, толку е подобро за да оди напред. Обуки, курсеви, сѐ е тоа добро. Јас лично не посетувам курсеви, но еве мојот син сака да учи повеќе, да оди на обуки. Колку повеќе знаење има еден човек, толку е подобро за него“, рече Радица Младеновиќ, граѓанка.
Анкетираните велат дека свеста кај младите треба да се менува и да не бидат пасивни.
„Јас не вложувам во себе, немам време за тоа“, додава млада девојка.
Објаснуваат дека повремено има и опции за бесплатни обуки и луѓето треба да ги искористат тие шанси, да бидат упорни и да аплицираат.
„Тоа е паметно, но младите не го прават. Свеста не е на тоа ниво кај нас. Јас преку работа се доедуцирав“, објасни Виолета Трајковска, граѓанка.
Друга наша соговорничка додава дека е свесна за потребата од постојано учење, но вели дека нема голем избор на обуки посебно во помалите места.
„Активна сум на пазарот на трудот веќе 18 години, а имав желба да научам нешто ново и посетував курс за германски. Одбрав германски јазик затоа што немав идеја што друго да учам, а за јазикот имаше интерес, оформена беше поголема група во тој период. Пред десетина години имаше бесплатен курс за фотографија, но не отидов, затоа што работев шест дена, а во недела се одржуваше тој курс. Потоа видов курс за фотографија, но обуката беше во Скопје, и требаше да се плати, со што заедно со патни трошоци сумата не би била мала, но плус тука треба да се мисли дали курсот и моите работни обврски ќе бидат ускладени за едното да не му пречи на другото и тука се откажав од намерата. Во помалите градови не верувам дека има некои големи можности за обуки. Дали е добро дел од заработените пари да се вложат во нови знаења? Секако дека да“, раскажува кумановка.
Инаку, многу финансиски експерти советуваат дека ако инвестирате во себе, тука повратот е голем особено ако се гледа на долг рок. Се смета дека ова е добар пат за создавање и на пасивни приходи во иднина. Од агенциите за посредување при вработување, велат дека во морето од професионални биографии кои стигнуваат кај нив, има и кандидати за кои се гледа дека не стоеле во место, туку вложувале во себе постојано преку курсеви и обуки.
„Има такви примери, не е дека нема луѓе што вложуваат во себе. Не може да се генерализира, не мора да се тоа млади луѓе, има и повозрасни. Во последно време повеќе вложуваат во неформалното образование, во академии и забрзани курсеви. Најмогу учат јазици, но пак тука важни се и финансиите, кој, колку може да си дозволи да се доедуцира“, велат од скопска агенција за посредување при вработување.
Дополнително, се советува доколку луѓето се во можност, да си земат за обврска секој месец од своите приходи да одвојуваат одредена сума за инвестирање во себе или за патувања кои носат бенефит за личниот раст и развој.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/jcomp
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





