19 Декември, 2025
0.0497

„Тргопродукт“ на Заеви доби 1,4 милиони евра неповратен грант од земјоделската агенција

Објавено во: Економија 29 Април, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, доби неповратен грант од 1,4 милиони  евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот Мама'с, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.

- Финансиската поддршка за корисникот ДПОЗ Тргопродукт ДООЕЛ изнесува 86.608.249 денари за набавка на опрема за прием, обработка и преработка на земјоделски производи и опрема за полнење, затворање, пастеризација, пакување и етикетирање на производи, односно 75% ЕУ учество во износ од 64.956.187 денари и 25% национално учество во износ од 21.652.062 денари, се вели во објаснувањето на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Годишно агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 отсто, а со 25 проценти учествува државата. Пет години од исплатата е рокот по кој сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата.

Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град. Најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат 65 отсто.

Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии