15 Декември, 2025
4.5541

Трговска војна меѓу Русија и Западот – каде ќе застане Балканот?

Објавено во: Свет 07 Август, 2014 12:24

Добивај вести на Viber

ЕУ, САД, Австралија, Норвешка, Швајцарија, Канада - ова се земјите од кои Русија целосно го запре увозот на прехранбени производи како одговор на санкциите воведени против Москва заради ситуацијата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Декретот со кој се забранува увозот на земјоделски и прехранбени производи од овие земји. Декретот е со важност од една година и се очекува сериозно да ги погоди земјоделските призводители, особено од дел од европските земји, како што е Полска, кои досега извезуваа значително на рускиот пазар. Се проценува дека вредноста на увозот на американски земјоделски производи изнесува над милијарда долари годишно, додека на европските производи скоро 12 милијарди долари. Од друга страна, и руската економија значително е потпрена на увозот на производи од странство, заради што Белата куќа очекува мерката да има негативен ефект и врз Москва, пред се така што ќе ја зголеми инфлацијата во земјата. „Најголеми губитници ќе бидат руските потрошувачи, бидејќи ќе мораат да плаќаат повеќе“, вели Дејл Мур, директор во американското Федерално биро за земјоделство. Според аналитичарите, мерката ќе влијае и на земјоделскиот пазар на Балканот - балканските земји кои не се членки на Европската унија, меѓу кои е и Македонија, ќе добијат можност за зголемен извоз на храна на рускиот пазар и можат да ја зголемат својата трговска размена.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела