Трговците да ги вратат цените на лопати, чизми, вода на ниво од 5 август
Објавено во: Економија 12 Август, 2016 12:35
Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кои се применувало до 5 август 2016 година.
Oд Министерството за економија објаснуваат дека ваква одлука се носи затоа што имало случаи на злоупотреба од трговците. Ова е забележано при проверка од страна на Државниот пазарен инспекторат, по поплавите кои го погодија скопскиот и тетовскиот регион, а граѓаните имаа потреба од овие производи.
„Имено, користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи. Имајќи во превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно“- се наведува во соопштението од Министерството за економија.
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.
Деновиве во Скопје дел од трговците гумените чизми ги продаваа двојно поскапо.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




