19 Декември, 2025
0.0460

APPLE ГИ ПОЛНИ НАСЛОВНИТЕ СТРАНИЦИ: до кога цената на акциите ќе има растечки тренд?

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2014 08:31

Добивај вести на Viber

FXLider, на сите читатели на Фактор  кои сакаат да го искусат берзанското тргување, им подарува  50€ за тргување со цената на акциите на Apple и другите светски компании. Пријавете се и земете 50€ овде. Пред нас е нова сезона на објавување на квартални извештаи за резултатите на американските компании. Инвеститорите со огромно внимание ги очекуваат резултатите од работењето од минатиот квартал, посебно од технолошките компании. Една од таквите компании е и Apple. Со неодамнешното претставување на технолошките новитети и големиот број на правни и законски проблеми, Apple веќе некое времи ги полни насловните страници. Во почетокот на јуни, Европската Комисија започна истрага против Apple поради можноста за избегнување за плаќање на данок со користење на ограноци на компанијата во Ирска. Во САД корпоративниот данок може да достигне дури и до 35% од приходите, а додека во Ирска 12.5%. Според Ројтерс, Аpple со користење на комплицирани сметководствени маневри, успеа да го намали данокот на приход дури до 3.7% во текот на минатата година. Моменталната актива на Apple е околу 223 милијарди долари и нејзин најголем дел е во готовина и во хартии од вредност. Иако цената на фјучерсите на акциите  на Apple и понатаму е во растечки тренд, но сепак кога е во прашање третиот квартал прогнозите се намалени во однос на очекувањата пред три месеци. А за тоа има неколку причини. “Покрај истрагата на Европската Комисија и можноста за тужби, исто така една од причините е и тоа што се појави новиот iPhone на пазарот пред третиот квартал. Иако порано од очекувањата на аналитичарите, неговото појавување на пазарот и продажбата, која досега достигна повеќе од еден милион, не би требало да има поголемо влијание на резултатите на овој квартал. Покрај тоа, проблемите што се појавија со новите телефони и баговите на оперативниот систем iOS 8 сигурно ќе влијаат на продажбата се додека конкретните проблеми не се решат. Ни Apple watch, ни Apple Pay не се појавија во текот на овој квартал, а нарачките и продажбата на новите модели на iPhone во Кина почнаа во втората половина на минатиот месец, со тоа што во овој квартал нема многу придвижувачи на продажбата која би можела значајно да влијае на кварталниот успех”, наведува м-р Никола Димков од  FXLider. На крајот од претходниот квартал менаџментот на Apple изјави дека во третиот квартал се очекуваат приходи помеѓу 37 и 40 милијарди долари, а оперативните трошоци да достигнат 4.85 милијарди долари. И проценките на аналитичарите се вклопуваат во овие прогнози. Според нив се очекува приход од 39.4 милијарди долари и заработка од 1.31 долари по акција. Засега и покрај малиот пад во последните неколку дена, цената и понатаму се движи во растечки тренд со раст од 11.15% во последните четири месеци. FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited  авторизирана компанија и регулирана од UK  стандарди од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца број 6099770. Покрај долунаведеното одрекување од одговорност, овој материјал не претставува понуда, или барање за извршување на трансакција на било кој финансиски инструмент. Fortrade  не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да биде зачинета од овој коментар или за последиците кои произлегуваат од него. Не се даваат никакви изјави за точност и компетентност на информации. Како резултат на тоа секое лице пристапува во смисла на целосно сопствен ризик. Секое обезбедено истражување, не земајќи ги предвид специфичните инвестициски цели, финансиски ситуации и потребите на одредени личности која може да ги прими. Ова не е составено во корелација со законските барања, осмислено е да промовира независно инвестициско истражување, како такво.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?