Три хороскопски знаци кои сите ги обожаваат, иако се неверојатно напорни!
Објавено во: Општо 03 Септември, 2016
Тие се духовити, шармантни, интересни, најдобри пријатели и партнери, секогаш подготвени за акција и забава.
Со нив никогаш не е досадно и иако за секунда успеваат да не издават од такт, тоа се луѓето на кои можеме да се потпреме секогаш кога ни е потребен вистински пријател.
Следните три хороскопски знаци се познати како знаци со кои е навистина тешко да се излезе на крај, но истовремено тие се и луѓето без кои не можеме да живееме.
Скорпија
Посветеноста на овој хороскопски знак е нешто кое ќе ве освои од самиот почеток. Скорпиите се едноставно најдобри пријатели за цел живот. Никогаш нема да ги издадат вашите тајни и ќе бидат покрај вас секогаш кога ќе ви требаат.
Покрај нив ќе се чувствувате повторно млади, енергични и полни со живот без оглед на годините. Прават сè што правите за нив и никогаш не забораваат ништо.
Ќе ви дадат искрени совети за сè што ви е потребно – од кариера до изглед. За нив не постојат табу теми, дури и сите тие разговори за сексот се нешто сосема нормално. На овој знак можете да му ги кажете сите тајни, но и скриените фетиши и фантазии. Тие се подготвени да зборуваат за сè, отворени се и никогаш нема да ве осудат.
Лав
Адреналинот и забавата се составен дел од кралскиот живот на еден Лав. Со нив никогаш нема животот да ви се претвори во досадна рутина. Лавовите го сакаат животот, подеднакво колку што се сакаат себеси. За да бидат среќни, прво ќе ги исполнат сопствените желби и потреби, а потоа и тие на останатите.
Нивниот ентузијазам е заразен. Доколку сте ја сфатиле нивната егоцентричност на вистинскиот начин, нивните шеги и постапки ќе ви изгледаат дури и симпатични. Овој знак е романтичен и сака постојано да добива знаци на внимание. Шармира и заведува сè околу себе.
Лавот е одговорен и доколку му значите ќе се грижи за вас. Секогаш ќе се труди да биде најдобар, што можеби и не е така лошо, бидејќи ќе настојува да биде најдобар партнер, најдобар пријател, најдобар љубовник…
Водолија
Водолиите се родени сонувачи чија фантазија ја надминува секоја граница на реалноста. Со нив ни е забавно, бидејќи нè носат во свет кој не го познаваме, во светот на фантазијата каде и Петар Пан одлично би се забавувал. Сериозни се само во оние моменти кога треба да дадат вистински пријателски совет. Тогаш се навистина објективни и сакаат еднаквост и правдина.
Нивниот интелект ги воодушевува сите кои ќе започнат некаков разговор со нив. Тие се главни организатори на забавите и одлично друштво. Ако случајно сте се договориле со некоја Водолија да одите на забава, сметајте дека ќе заглавите, бидејќи „афтер-журките“ се нешто кои никако не смее да се пропушти.
Знаат да ги мотивираат другите бидејќи и самите се постојано мотивирани и добро расположени. Ако сте го освоиле срцето на една Водолија, знајте дека таа ќе направи сè за вие да бидете среќни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.