19 Мај, 2024
0.0262

Три работи кои милионерите не мора да ги платат

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Сите богаташи имаат пари на претек и повеќе од нив не би можеле да го потрошат своето богатство и да живеат три животи.

И покрај незамисливите финансиски можности и понатаму добиваат бесплатни работи со висока вредност. Откријте за што најмоќните луѓе на светот не мора да трошат пари.

1. ХРАНА И ПИЈАЛОК

Бесплатна храна и пијалок се составен дел од животот на висока нога, без разлика дали посетувате премиери во кино, заминувате на модерни балови или сакате бесплатно да промовирате одреден производ на своите социјални мрежи. Некои среќници не мора да платат храна без разлика каде се наоѓаат.

Најбогатиот човек на светот Бил Гејтс е горд сопственик на златните Мекдоналдс картички кои му овозможуваат да јаде во било кој фаст фуд ресторан со ова име на планетата целосно бесплатно. Од друга страна, американецот Џорџ Лукас, никогаш не е гладен во градот  во кој постои ланецот од ресторани Бургер Кинг. Познати ресторани им ја даваат оваа привилегија на славните и богатите, но инсистираат за престижните картички да се слушне па целосниот список на имиња не е познат.

3.Луксузни предмети и патувања

Доделување награди и премиери на филмови се одличен полигон за промовирање на нови луксузни предмети на пазарот. Не чуди затоа што на богатите и славните им се даваат вреќички со исклучителни вредности.

На доделувањето на Оскарите , на пример, тие достигнуваат застрашувачка вредност и до 168 000 американски долари .

Минатата година на пример, во вреќичките се наоѓал ваучер за едногодишен наем на луксузен автомобил Silvercar Audi, велосипед вреден 1200 американски долари, бесплатен пат во Италија и слично.

3. Екстремни искуства

Резервација за комерцијален лет во веселната може да си дозволи само мал дел од светската популација со длабоките џебови. Но некои возбудливи искусва најбогатите луѓе може да ги добијат бесплатно. Кога светските „мудреци“ смислат некоја нова иновација-милионерите и милијардерите се први кои тоа бесплатно може да го пробаат.

Ричард Брансон е љубител на екстремни спортови , па не чуди фактот што е меѓу првите кој пробува нови реквизити и возила за адреналинска авантура како преносни ракети-летала. Овој милијардер тежок околу 5 милијарди британски фунти обожава сурфинг, возење со балон на топол воздух, а во својот имот има и приватна подморница.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“