16 Декември, 2025
0.0573

Три турски компании ќе инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 04 Април, 2013 14:04

Добивај вести на Viber

Три турски компании на средба со директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида, во Анкара, Турција официјално ги најавија инвестициите во Македонија. Како што изјави директорот на Агенцијата станува збор за компании кои ќе инвестираат во областа на медицината. -Станува збор за компанијата Матек, која ќе инвестира околу 15 милиони евра во Македонија и ќе вработи околу 200 лица, компанијата Истем медикал која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица и компанијата Тотал која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Сите три компании се од медицинската техника и  ќе инвестираат во зоната Бунарџик во Скопје”, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида. Како што велат од команиите, благодарејќи на можноста да се запознаат со инвестициските услови во земјата донеле одлука за инвестирање во Македонија. -Ние како Истем медикал имавме можност да се запознаеме со можностите кои ги нуди Владата на Македонија за инвестирање во земјата и видовме дека можностите за инвестирање се навистина подобри од Турција и затоа решивме да инвестираме во Македонија”, изјави претставник на компанијата Истем медикал. Компаниите Тотал и Матек исто така ќе инвестираат во Македонија благодарејќи на добро понудените услови за инвестирање. -Веруваме дека за кратко време ќе ја реализираме инвестицијата во Македонија и ќе постигнеме голем успех”, изјави директорот на компанијата Тотал. Компаниите заедно се очекува да инвестираат околу 50 милиони евра во земјата.Ќе се отворат над 600 нови работни места од кои 350 ќе се реализираат во првата година од работењето на трите компании.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи