ТРИФОНОВ: Драги Македонци...извинете Северномакедонци, ќе ги прифатите бугарските корени или нема ЕУ
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2020 19:39
Едно од
најпознатите ТВ-лица во Бугарија, кој од 2019 година активно се вклучува и во
политиката во земјата, Слави Трифонов, на својот профил на Фејсбук објави пост во кој предлага
Македонците да ги признаат бугарските корени или нема влез во Европската Унија.
Во постот, со
неговата позната иронична и крајно остра реторика пишува:
Предлогот до Македонците, оп ... извинете - северните Македонци, ако ги
признаат своите историски бугарски корени, и ние ја признаеме моменталната
состојба на работите, а моменталната состојба е да ги признаеме македонскиот
јазик и нација – тоа за нив е најдобриот предлог што можат да добијат.
И тоа во ситуација кога целата нивна сегашна држава се заснова на антибугарска реторика, нарекувајќи нè Бугари - Цигани и Татари. Почитувани Македонци, извинете - северномакедонци, ќе се навикнам, но ми треба време - да бидам искрен, јас сум многу толерантна личност, но сè има свои граници. Ве гледам како чекате бугарски пасоши, гледам како доаѓате на бугарското црноморско крајбрежје и бугарските летувалишта, гледам како вашите деца доаѓаат да учат на бугарските универзитети, гледам дека мислите дека „Јовано, Јованке“ е македонска, извинете, северномакедонска песна, и се прашувам - зошто, луѓе? Нели сме Цигани и Татари? Значи, сакате цигански пасоши, доаѓате на Татарско Црно Море, студирате на цигански универзитети и „Јовано, Јованке“ е крајно циганска песна (простете ми Цигани – тој народ емотивен и раселен низ целиот свет).
Значи, Северна Македонија нема да добие поголем компромис и ако не прифати нејзините историски бугарски корени, ќе биде надвор од Европската унија. Толку!
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




