Трипуновски: Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат не е точно
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2025 21:17
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција.
Повика опозицијата да не шпекулира и вели дека само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани.
„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира”, изјави Трипуновски во „Тема на денот” на Сител телевизија.
Трипуновски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЕУ ги суспендирала срдствата за ИПАРД.
„Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат средствата, итн., тоа не е точно”, нагласи министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев и за уште четири лица пред неколку дена се уапсени поради земање мито.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




