Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Објавено во: Македонија 29 Март, 2024 11:03
Рано утрово во сообраќајна несреќа предизвикана од судир на два автомобили во Кичево, тројца патници, меѓу кои и двајцата возачи, починале, а исто така тројца се тешко повредени, објави СВР Охрид.
„На 29.03.2024 во 04.50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, објави регионалната полиција.
Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Можеби ќе ве интересира
ВЕЛИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Николоски кажа кога ќе го потпишат Договорот за стратешко партнерство со Британија

„ДЕНОВИВЕ ЌЕ СЕ ЗНААТ ИМИЊАТА НА МИНИСТРИТЕ И ЗАМЕНИК МИНИСТРИТЕ“: Касами за прегрупирањата, „Влен“ и официјално една партија

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ЌЕ РАБОТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА - еве каков меморандум беше потпишан

„РЕШЕНИ СМЕ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИ И ДА ГИ НАПЛАТИМЕ СИТЕ ДВАЧКИ КОН ДРЖАВАТА“: Николовски вели поднеле 85 кривични пријави

ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТАРАВАРИ: Еве ја пратеничката група на ВЛЕН

РОКОТ Е ШЕСТ МЕСЕЦИ, ПОТОА ЌЕ ВАЖАТ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Датум за старт на новите правила за влез во ЕУ, се уште не е познат

НА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПРЕД ИЗБОРИ, ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: Уставен укина два члена, еве кои се тие

МАТУРАНТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СТРУМИЦА: Се чека обдукцискиот наод

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите повторно ќе паѓаат!
