21 Декември, 2024
0.0288

ТРОШЕЛ НА ЕСКОРТ ДАМИ, ДРОГА И АВТОМОБИЛИ - на синот на Џо Бајден му се заканува казна од 17 години затвор

Објавено во: Свет 08 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, се соочува со нови кривични пријави затоа што не платил данок од најмалку 1,4 милиони долари, додека трошел милиони на раскошен начин на живот. Според обвинението поднесено во Окружниот суд во Централна Калифорнија, тој е обвинет за три кривични дела и шест прекршоци поврзани со данок.

Од Министерството за правда соопштија дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата му се заканува затворска казна до 17 години. Тој е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот.

Во вчерашното обвинение се наведува дека Хантер Бајден „заработил добри пари“ додека служел во одбори на украински индустриски конгломерат и кинески приватен капитал. Но, како што се зголемувале неговите приходи, така се зголемувале и неговите трошоци. Само во 2018 година, според обвинението, потрошил повеќе од 1,8 милиони долари, но ништо за плаќање данок.

Се споменува дека, меѓу другото, потрошил пари на дрога, ескорт дами, луксузни хотели, автомобили и облека, а потрошил повеќе од 70.000 долари за рехабилитација од зависност. Тој претходно се соочи со обвиненија за затајување данок, а во октомври пред судот во Делавер се изјасни за невин по обвинението дека лажел за неговата употреба на дрога кога купил пиштол.

Хантер Бајден е честа тема во медиумите поради неговата зависност и прекумерното однесување како што се брзо возење или објавување фотографии на кои е гол или зема дрога, а исто така беше и неговата вмешаност во украинската енергетска компанија Бурисма додека неговиот татко беше потпретседател на САД. 

Поранешниот член на одборот Девон Арчер на сослушување во Конгресот во август изјави дека Хантер тогаш предложил „илузија“ за пристап до власта, пренесува Ројтерс. Џо Бајден негираше дека некогаш ја искористил својата позиција за да му помогне на својот син, пишува Index.hr.

Извор: Мондо

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СВЕДОЦИ НА НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ: Марко доби удар и ми исчезна од вид, беше ужасно, видовме крв на подот

СВЕДОЦИ НА НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ: Марко доби удар и ми исчезна од вид, беше ужасно, видовме крв на подот

БЕЗБЕДНОСНИ ИЗВОРИ: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист

БЕЗБЕДНОСНИ ИЗВОРИ: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Aвтомобили влетаа во толпа луѓе на базар, има жртви

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Aвтомобили влетаа во толпа луѓе на базар, има жртви

СОПРУГАТА НА АСАД НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД ПРЕСТОЈОТ ВО МОСКВА: Планира да се разведе и да се врати во Лондон?

СОПРУГАТА НА АСАД НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД ПРЕСТОЈОТ ВО МОСКВА: Планира да се разведе и да се врати во Лондон?

TИЕ СЕ ЧЕТИРИПАТИ ПОБРОЈНИ ОД МОСАД: Кој стои зад ликвидацијата на рускиот генерал во Москва?

TИЕ СЕ ЧЕТИРИПАТИ ПОБРОЈНИ ОД МОСАД: Кој стои зад ликвидацијата на рускиот генерал во Москва?

MAСК: Само АФД може да ја спаси Германија

MAСК: Само АФД може да ја спаси Германија

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ДВЕ СЕЛА: Постои опасност да бидат опколени

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ДВЕ СЕЛА: Постои опасност да бидат опколени

КАКВА Е ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА КРАЛОТ ЧАРЛС? Ќе продолжи со лекување и во новата година

КАКВА Е ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА КРАЛОТ ЧАРЛС? Ќе продолжи со лекување и во новата година

БАЈДЕН СЕНИЛЕН ЈА ВОДЕЛ НАЈМОЌНАТА ДРЖАВА? Волстрит журнал откри скандалозни детали за претседателот во заминување

БАЈДЕН СЕНИЛЕН ЈА ВОДЕЛ НАЈМОЌНАТА ДРЖАВА? Волстрит журнал откри скандалозни детали за претседателот во заминување