ТРОШИМЕ МНОГУ ВРЕМЕ ОД ЖИВОТОТ ЧЕКАЈЌИ НА КАСА: Научни совети како побрзо да пазаруваме

Објавено во: Општо 24 Септември, 2022 07:40
Доктор Никос Георгиу и професорот Енрико Скалас од Универзитетот во Сасекс во Велика Британија, поминале месеци анализирајќи ги редиците во супермаркетите и откриле како купувачите да го изберат најбрзиот начин за да не чекаат многу на каса.
Проверете што имаат во корпите клиентите во редот пред вас - предметите во цврсто пакување не одземаат многу време за скенирање додека производите во пластични кеси потешко се скенираат бидејќи понекогаш касиерот мора рачно да го внесе баркодот. На пример, некој со млеко и сок во корпата ќе помине на каса побрзо од некој со вреќа замрзнат зеленчук.
Застанете зад клиентот со полна количка - иако на почетокот не изгледа како добар избор, научниците велат дека е вистина. Тие објаснуваат како на секој клиент му треба време да се поздрави, плати, стави намирници во торби, пари во паричник... Во просек, потребни се 41 секунда по лице. Тие пресметале дека клиент со сто намирници во количка троши во просек по шест минути, а четири лица со по 20 намирници ќе поминат седум минути во ред.
Редиците на касите од левата страна се движат побрзо - повеќето луѓе се десничари и инстинктивно го избираат редот на кој ќе ја наредат робата на десната страна.