Трошоците за живот во мај пониски за 0,2 отсто од април
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013 15:45
Трошоците на живот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај во однос на април годинава, се намалени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани се зголемени за 3,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во мај во однос на април статистика евидентура намалување на цените во групите:„транспорт“ за 2,3 проценти, „храна и безалкохолни пијалаци“ за 0,3 проценти, „домување, вода, електрика, гас и др. горива“ за 0,2 проценти и „рекреација и култура“ за 0,1 процент.
Пораст на трошоците на живот е забележан во групите: „облека и обувки“ за 0,9 проценти, „ресторани и хотели“ за 0,6 проценти, „мебел, покуќнина и одржување на покуќнина“, „здравје и останати стоки и услуги“ за 0,4 проценти и „алкохолни пијалаци, тутун“ за 0,3 проценти. На ниво од претходниот месец се цените на групите „комуникации“ и „образование“.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




