19 Декември, 2025
0.0395

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Кои производи и услуги поскапеа, а кои поевтинија?

Објавено во: Економија 08 Август, 2016 12:45

Добивај вести на Viber

Минатиот месец трошоците на живот во однос на јуни годинава се намалиле за 0,3 проценти.

Во истиот период цените на мало се зголемени за 0,1 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во однос на истиот период лани и трошоците за живот и на цените на мало  бележат намалување од 0,3 проценти.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 8,2 проценти, јајцата за 1 проценти, сирењата за 0,8 проценти, оризот, замрзнатата риба и млекото за 0,5 проценти, компирот за 0,4 проценти, другите пекарски производи, јогуртот и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 проценти.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 2,3 проценти, течните горива и мазива за домаќинствата за 1,5 проценти, обувките и лековите за 1,2 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 0,8 проценти. Другите медицински производи се намалиле за 0,7 проценти. Кај облеката и течните горива за домаќинствата е забележано намалување за 0,6 проценти, мебелот за домаќинствата за 0,3 проценти, материјалите за одржување и поправки на станот и електричната енергија за домаќинствата за 0,2 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај другите прехранбени производи за 1,5 проценти, другите преработки од риба и морски плодови за 0,9 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 проценти, свежото и разладеното овошје за 0,5 проценти, сушеното, соленото и чаденото месо и сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 проценти и изнутриците за 0,3 проценти.

Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 11,9 проценти, услугите за сместување за 9,1 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 4 проценти, игрите и хобито за 3,5 проценти, средствата за чистење и одржување на станот за 1,9 проценти, гасот за домаќинствата за 1,5 проценти, социјалната заштита за 1 проценти.

Порастот кај средствата за лична хигиена и здравје е за 0,8 проценти, услугите за лична хигиена за 0,7 проценти, текстилот за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 проценти, големите и малите електрични апарати за домаќинствата за 0,3 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите