20 Декември, 2025
0.0640

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Што поевтинило, а што поскапило годинава

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2016 20:38

Добивај вести на Viber

Трошоците за живот во јануари оваа година, во споредба со јануари минатата година бележи пораст од 0,1 отсто, а цените на мало пораснале за 0,2 %.

Во месец јануари 2016-та пак, во споредба со декември има намалување од 0,2 отсто.

Намалувањето на трошоците на живот минатиот месец во споредба со јануари 2015 година, според ДЗС, е резултат на поевтинувањето на свежото и разладеното овошје за 1,9 отсто, на сушеното, соленото и пушеното месо за 1,6, на јајцата за 0,6, на сувото овошје и јаткастите производи за 0,5, на лебот и месото за 0,4, како и на свежиот и разладен зеленчук, освен компир, за 0,3 проценти.

Во јануари, исто така, намалување на трошоците на живот е забележано и кај обувките за 3,7 отсто, течните горива и мазива за 3,5, туристичките аранжмани за 3,4, малите алатки и останатите додатоци за домаќинствата за 1,7, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1,4, предметите за лична хигиена и здравје за 1,3, услугите за лична хигиена за еден, превозот на патници со автобус за 0,8, лековите и угостителските услуги во рестораните и хотелите за 0,6, облеката и други нетрајни средства за домаќинствата за 0,3, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците е забележан кај другите пекарски производи за 2,9 отсто, замрзнатиот зеленчук освен компирот за два процента, другите прехранбени производи за 1,9, оризот и компирот за 1,8, изнутриците за 1,6, брашното и другите житарици за 1,5, конзервираното овошје за 1,1, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за еден отсто, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0,7, помалку масното млеко, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5, полномасното млеко за 0,3 и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Пораст има и кај авионскиот превоз на патници за 4,9 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 3,2, болничките услуги за 2,1, автомобилите за 1,4, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,2, големите електрични апарати за домаќинствата за 1,1, накитот и часовниците за 0,3, материјалите за одржување и поправки на станот и информатичката опрема за 0,2 отсто.

   

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба