19 Декември, 2025
0.0503

Трпиме штети: Итна модернизација на патиштата во регионот бараат бизнисмените од Битола и Прилеп

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021 09:56

Добивај вести на Viber

Регионалните комори со седишта во Битола и Прилеп при Стопанска комора на Македонија од Пелагонискиот регион, каде се создава 11,3 проценти од БДП и работат над 8.300 компании, со вкупно 130.000 вработени, одржаа заеднички состанок во врска со досегашните иницијативи за модернизација на регионалната патна инфраструктура во овој регион и потребата од инвестирање и модернизирање, пред сè на патниот правец Меџитлија-Битола-Прилеп-Велес со модерен автопат.

Поводот за овој состанок е незадоволството на бизнис секторот oд Пелагонискиот регион за невклучување на овој регион во плановите за капитални инвестиции и Фондот за патишта на Владата на Република Северна Македонија, за новата 2021 година.

Од коморите информираат дека патните правци се во должина од 52,65 километри или 71,87 километри. Во 2008 година од сопствени средства на Комората, бил изработен предлог проект од фирмата Балкан Консалтинг.

„Во последните 3 години за ова прашање е дискутирано со највисоките претставници на извршната власт и тоа на неколку последователни средби и работни состаноци во Прилеп и Битола со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, заменик на претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за транспорт и врски и Министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Оваа иницијатива ќе има големо значење и за работењето на компаниите од Југозападниот регион кој учествува со 19,5 отсто од БДП, но и за поврзување со Република Грција (со околу 250.000 жители во пограничните региони) и Република Албанија (со околу 150.000 жители во пограничниот регион) со што ќе опфати регион од околу 1 милион жители, велат од регионалните комори.

Бизнисмените од овој регион бараат средба со премиерот и со економскиот тим, за да ги изложат аргументите кои како што велат ги повторувале 20 години.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии