Трудовите инспектори во акција, на тапет работно време
Објавено во: Економија 20 Април, 2013
116 работодавачи неправилно ja воделе на евиденцијата за работно време, а кај дел од нив е забележано неисплатување на прекувремената работа и минимално загарантиранта плата од 9000 денари, забележале трудовите инспектори. Според директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајкоски лани кај 9.281 работодавач со 83.659 вработени имало 20.260 со скратено работно време или 24,5 отсто. Заклучно со вчера, бројот на работодавачи кои имаат работници со скратено работно време е намален 8.468 компании.
Трајковски појасни дека бројот на вработени е зголемен од 83.659 на 88.436, а бројот на вработени со скратено работно време од 20.260 е паднат на 16.671 или за 6,5 проценти. Притоа најголем број вработени со скратено работно време има во трговијата на мало, дејноститеза подготовка на оброци и служење на храна и оти тие се целни групи на посебна следење.
Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, врз основа на констатираните неправилности донесени се решенија со кои се задолжуваат работодавачите да ги отстранат утврдените недостатоци и неправилности. При повторните контроли констатирано е дека на 1.254 работници кои работеле со скратено работно време, работниот однос им е трансформиран во работен однос со полно работно време, информираше министерот.
За констатирани прекршувања на законот, односно неотстранување на утврдени недостатоци, против 14 работодавачи се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка. За прекршоците работа подолго од скратеното работно време и подолго од полното работно време предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.
„Неофицијалните сознанија говорат дека во приватниот сектор работниците даваат овластувања на своите работодавачи да ја повлечат исплатената плата и потоа на вработениот да му исплатат пониска плата од законски утврдениот износ. За оваа непопуларна појава, сеуште нема доставени дојави или пријави до Инспекоратот за труд“, рече Ристовски.