Царинската управа и Филип Морис тутунски комбинат Прилеп потпишаа меморандум за соработка
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2015 11:41
Меморандумот за соработка, чија главна цел е зајакнување на координацијата и соработката во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи денеска го потпишаа директорот на Царинската управа на Република Македонија, Наташа Радеска Крстевска и генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп–Емре Козлу, кој е исто и претставник на Филип Морис Интернешнал Менаџмент, како трета договорна страна на Меморандумот.
Со потпишување на меморандумот, договорните страни искажаа одлучност и посветеност за реализација и натамошен развој на ефективна рамка за соработка што ќе придонесе за подобра наплатата на буџетските приходи. Нелегалната трговија со тутунски производи како што е шверцот со цигари директно го оштетува државниот буџет, а истовремено претставува сериозен проблем за легалната индустрија со тутун и тутунски производи која го почитува законот.
Кога беше контактиран за повеќе детали, Емре Козлу, Генералниот менаџер на ПМТКП изјави:
„Ваква соработка е повеќе од потребна. Овој Меморандум е јасна порака дека постои целосна посветеност од двете страни за борба против нелегалната трговија со тутунски производи. Иако нивото на трговија со нелегални цигари во моментов во Македонија можеби не е толку високо како во некои од соседните земји, ние веруваме дека постојаната будност и кооперативен пристап меѓу регулаторите, агенциите за спроведување на законот и индустријата се клучните елементи за постојана и успешна борба против нелегалната трговија со тутунски производи.“
Меморандумот предвидува механизми за соработка меѓу Царинската управа и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп за борба против нелегалната трговија, меѓу кои се и специфични обуки за царинските службеници и размена на информации за истраги и кривично гонење на прекршителите.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





