Целосно запрено повлекувањето на депозитите-тврди Богов
Објавено во: Економија 20 Мај, 2016 10:14
Речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Богов во интервју за Ројтерс, потенцира дека во текот на април се повлечени 1,8 % од депозитите во банките, што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.
„Во изминатите две недели гледаме стабилизација на ситуацијата, а повлекувањето на депозитите речиси запре. Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено“ - вели Богов.
По зголемувањето на каматите на благајничките записи од 3,25 на 4 проценти, Богов истакнува дека засега нема потреба од дополнително зголемување.
Додава дека е можно Централната банка да ги намали каматите, ако политичката криза наскоро биде надмината и нема шпекулативни напади врз стабилноста на денарот.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




