19 Декември, 2025
0.0555

Цена на нафтата од 70 долари за барел е прифатлива за Иран

Објавено во: Економија 14 Март, 2016 13:28

Добивај вести на Viber

Тукушто вратениот Иран на нафтените пазари има намера да дискутира количините за количините на екстракција на нафта со останатите водечки производители дури тогаш кога ќе ги достигне претходните нивоа на екстракција.

Сопствената продукција треба да достигне обем од 4 милиони барели на ден, го цитира иранската државна агенција „Isna“ нафтениот министер Биджан Зангане.

Според извори од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во моментов Иран произведува малку под 3 милиони барели на ден, пренесува Ројтерс.

Првично се планира најважните производители да заседаваат на 20 март за тоа како да се намали количината на родот, или барем да се задржи на сегашните нивоа предвид депресијацијата на суровината. Оваа средба сепак најверојатно нема да се одржи.

Поради нејзиното одложување во четвртокот попладне цените паднаа значително под 40 долари за барел, а тоа доведе и до пад на цените на голем број акции.

Иронично тоа се случи во моментот кога претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ги објави во Франкфурт последните одлуки на централните банкари, а некои финансиски агенции дури ги поврзаа неговите изјави со падот на цените на акциите.

Иран ја дефинира како прифатлива цена на нафтата 70 долари за барел, но е подготвен и на пониско ниво, соопшти денеска „Isna“.

„Иран ја разгледува цената од 70 долари за барел како прифатлива, изјави иранскиот министер за нафта Биджан Зангане“, цитиран од весникот.

Потсетуваме дека Саудиска Арабија, Венецуела и Катар веќе се договорија со Русија за замрзнување на производството на нивото од јануари. Услов за влегување во сила на овој договор е и учеството на други земји.

Компанијата за услуги во нафтената индустрија „Baker Hughes“ во петокот објави дека минатата недела нафтените платформи во САД се намалиле за 12 парчиња до 386, што е 12-то по ред неделно намалување на најниско ниво од 2009 година.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите